EN       Facebook       Локација Скопје


























Европорц доо е приватна фирма од Скопје, Република Македонија и таа е една од најголемите компании за промет на големо и дистрибутер на производи за домаќинство, Хо.Ре.Ка. опрема, мали електрични апарати, апарати за домаќинство и домашни и архитектонски светла.

1993 Сопствениците на kомпанијата Г-дин Микле Спасовски и Г-дин Денис Тасески започнале со тргување на апарати за домаќинство.

1996 Воспоставивме бизнис релации и трговија со стоки за широка потрошувачка, производи за домаќинство, хотели, ресторани, кафетерии.

1998 Направивме сестринска фирма со име Мондриан доо и се направи нашe сопственo лого со името на Мондриан. Во 14 фабрики во Кина, Виетнам и Индија се произведуваат производи со нашето лого - Мондриан.

На домашниот пазар и во регионот ние нудиме 57 брендови со огромен асортиман:

• 5000 артикли за домаќинство
• 2000 Хо.Ре.Ка. артикли
• 12000 артикли за домашно и архитектонскo светлo

2002 година изградивме сопствен деловно-магацински простор во Скопје со:

• Отворен простор на 4000m2
• Магацински простор 5500m2
• Изложбен центар 500m2
• Административен простор 200m2

Активноста на претпријатието е во областа на увозот и извозот на порцелански производи, стаклени производи, прибор за јадење, садови за готвење, пластични и дрвени производи за домаќинство и ресторани, разни видови на теписи, кристални производи, даски за пеглање, сушари, домашно и архитектонскo осветлување.
Големи активности во областа на Хо.Ре.Ка.-угостителски сектор, нудиме над 3000 артикли за хотели, кафе барови, ресторани и кетеринг.

Нашите дестинации за извоз на стоки се: Србија, Босна, Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија, Грција и Косово.

2010 Основавме компанија во Белград, Република Србија, со име Мондриан С.